Kористењето на интернетот е начин на живење за младите Европејци. Во 2019 година, 94 % од младите во ЕУ секојдневно користеле интернет во споредба со 77 % од целата популација (Еуростат, Да се биде млад човек во Европа – дигитален свет, 2020). Но сепак, младите не ги користат сите можности кои ги нудат дигиталните технологии за да дојдат до пристап на информации за нивните граѓански права, за прашања кои се поврзани со нивното здравје и образование, но и да учествуваат во донесување на одлуки. Младите од 16 – 29 години најчесто го користат интернетот за да дојдат до информации од јавни овластени веб- страни. Само 15 % од младите луѓе го споделиле своето мислење за граѓански или политички прашања и 17 % биле дел од онлајн дискусии и гласале за дефинирање на граѓански или политички прашања. Постои празнина во начинот на кој младите луѓе ги користат дигиталните технологии, и оваа празнина уште повеќе се забележува кога станува збор за младите од загорзени групи.

ACTIon – Промовирање на активно граѓанство преку граѓанско образование и активни модели на електронско учество на младите – тоа е нешто што ќе ја пополни празнината. Овој проект поддржан од Еразмус+, Акција КА3 е проект за социјална вклученост кој започна на почетокот на 2021 година и ќе се спроведува во следните три години. Целта на програмата е да ги обучи младите како да ги користат дигиталните технологии и да имаат активно учество во нивната заедница, но и во општеството како целина. Партнерите ќе создадат прилагодена програма за обука на млади лица од загрозени групи (Роми, мигранти) која што ќе ја користат во формалното и неформалното образование.

Партнерите ќе користат три алатки како добри практики:

Лидер на популарно мислење (POL)

POL претставува алатка за активно вклучување во заедницата, со пристапи на интервенција и превенција на одредени појави, користејќи успешни примери на млади со цел да се остварат промени во образованието и однесувањето во заедницата. Истата се заснова на распространување на Теоријата на иновации, каде што однесувањата во заедницата се под влијание на Лидерите на популарни мислења и најчесто се пренесуваат преку социјалните мрежи. Добрата практика произлегува од Центарот за СИДА, одделот на истражување (ЦАИР) на Медицинскиот колеџ во Висконсин, Милвоки. На почетокот, POL бил развиен како постапка за превенција на ХИВ. Во рамките на проектот поддржан преку Еразмус+ MIND (youth-mind.еu), моделот на примерок бил прилагоден на фокусот на превенција и промена на однесувањето за намалување на насилството, родовите нееднаквости и лошата перцепција на родовата улога на Ромите и другите заедници на етничките малцинства. Моделот и понатаму ќе се развива во контекст на овој проект за да обезбеди обука на младите за социјални и граѓански компетенции, здравство, образование и медиумска писменост.

Од Идеја до Реализација и извршување на истата

The F.I.R.E. – From Idea to Reality and EXecution (Од Идеја до Реализација и извршување на истата) претставува едукативна платформа со отворен пристап која што е во форма на мобилна апликација и е наменета за млади активни граѓани и младински невладини организации кои што поставуваат стандарди во управувањето, комуникацијата и лидерството, тоа се трите модули што се моментално достапни на апликацијата. Алатката е наменета за младите, лесна е за употреба и е многу погодна за независно учење, особено за млади од оддалечени и рурални области каде што се далеку центрите за обука и едукација. Апликацијата применува прилагоден начин и методлогија на моделот за обука лице во лице со обучување на далечина. Постоечките три модули ќе бидат надополнети и прилагодени за потребите на ACTIon. На крајот од секој модул има прашалник за проверка на знаењето со цел да го добиете вашиот сертификат.

ОПИН платформа за електронско младинско учество

OPIN е Европска онлајн платформа за електронско младинско учество наменета за млади. Таа е достапна на десет Европски јазици, но ќе бидат додадени и други јазици за време на ACTIon (Бугарски). OPIN е веб страница која е лесна за користење и нуди шаблони за неколку различни типови на процеси на младинско учество, од бура на идеи до дискутирање на текстови или спроведување анкети. Проектите за е-учество создаваат чувство на соработка, ангажираност и забава кај младите во целиот заеднички процес на учење и во голема мера се саморегулирани. Целта е да се комбинираат офлајн и онлајн методите за учество и да се поттикне активно учество на младинските групи. Од 2015 година, OPIN е развиен од Liquid democracy, која ќе биде вклучена во сите промени на платформата. Групи кои се во фокусот на проектот ACTIon се адолесценти и млади (на возраст од 14 – 25 години), младински активисти, волонтери и неформални лидери на врсници во неформално образование, младински организации и центри за едукација во заедницата.