Истражување и анализа

Веќе е спроведено истражување со цел да се подобрат теоретските модели и заедничките дефиниции за трите клучни тематски области на кои се фокусира ACTIon, тие се: дигитално граѓанство, здравствена писменост и медиумската писменост. Континуираното истражување ќе се поттикне во развојот на теоретска рамка за наставната програма за обука по фази. Оваа основа ќе се воспостави преку анализа на постојните материјали за обука кои можат да послужат како најдобри практики за давање на достапност на трите погоре споменати тематски области. Истражувањето се очекува да биде завршено до јули 2021 година.

Модуларна наставна програма

Наставната програма ќе биде заснована на модули, овозможувајќи практична примена. Оваа програма ќе биде соодветна за примена во неформалното образование. Материјалот ќе има дидактичка структура: темите, целите на учење, воведувањето, методите на настава, материјали кои се потребни, временската рамка, материјали за учесниците. Програмата ќе опфати опис на моделот POL и програмата за обука на POL spored темите од проектот, модулите за активно граѓанство на младите, лидерски компетенции, граѓанско образование, основни права, заеднички вредности и дигитални вештини. Очекуван датум на објавување: jануари 2022 година

Студии на случаи за добро пилотирање

Откако ќе заврши фазата на пилотирање, партнерите ќе подготват финален извештај од пилотирањето, нагласувајќи ги главните резултати, достигнувања и се она што се научило. Врз основа на овие податоци студиите на случај од вклучените земји (листи со факти за земјата) ќе бидат надополнети со примери за спроведување на добри практики. Тие ќе бидат објавени како увид за секоја организација што сака да ја примени методологијата за обука или пак само дел од неа. Очекуван датум на објавување: јули- август 2023 година