Nexus Institute е Германски непрофитен институт за истражување на применети општествени науки, со 20 – годишно искуство во спроведување на активности комбинирани со практики и истражувања на граѓанското учество со поддршка и проценување. Нашите теми вклучуваат способност за прилагодување, дигитализација, регионален развој, демографски промени, клима и животна средина, учество на младите, здравје и издржливост.

Фондацијата за здравство и социјален развој (Хесед) е основана во 1998 година. Таа е лидер во Бугарија и работи на развивање и спроведување на иновативен пристап за успешна интеграција на ромската заедница. Во моментов ХЕСЕД обезбедува услуги за развој на заедницата во три големи ромски заедници – населба Факултета, Софија (40000 жители), населба Филиповци, Софија (10 000), населбата Изток, Ќустендил (10 000). Главните програми се насочени кон ран развој на децата, образованието (градинки) и исто така поддршка при успешна социјална интеграција на младите Роми и како тие најдобро да се снајдат во општеството. ХЕСЕД се здоби со искуство во спроведување на алатката POL Лидер на популарно мислење. посебно моделот на превенција кој е заснован на докази. Исто така Фондацијата има искуство на долгорочни истражувачки проекти заедно со Центарот за истражување на интервенција за СИДА, Медицинскиот Колеџ од Висконскин (САД).

Фондацијата Отворен простор е основана во 2006 година за поддршка и унапредување на културни размени на мислења, ставови и односи преку различни форми на уметност и комуникација. Нашата мисија е да создадеме простор за дијалог и односот меѓу различните култури и популацијата од различна возраст, исто така да обезбедиме услови и поддршка за развојот на младите.

ALL DIGITAL претставува Европска асоцијација која работи на унапредување на дигиталните вештини низ цела Европа и поддршка на 42 % Европејци кои имаат недоволно развиени дигитални вештини. Асоцијацијата е мрежа на 60+ организации-членки кои работат со 20.000 дигитално прилагодени центри – центри за изучување ИКТ, центри за образование на возрасни, библиотеки, итн. Обезбедува обука и поддршка во изучување дигитални вештини за 1,5 милиони луѓе секоја година. Веруваме дека секој Европеец треба да може да ги искористи придобивките и можностите создадени од дигиталната трансформација.

Action Synergy S.A. е организација чија главна цел е едукација, обука и знаење, и е активно вклучена во развојот на технологии за образование, методологии за обука и курсевите за е-учење. Action Synergy S.A располага со долгогодишно искуство во управувањето и добра организација на Европски проекти. Од своето основање во 1986 година, организацијата учествувала во значителен број образовни проекти на ЕУ, како што се COMETT, PETRA, SOCRATES, LEONARDO DA VINCI, ADAPT, TEMPUS, PHARE, учење на далечина, LLP, ERASMUS + .

СЕГА е национална платформа на младински организации во Северна Македонија, посветена на предводење на неопходни законски измени, посветеност за поддршка на младинскиот активизам, пристап до информации и учество на младите во активности за решавање на нивните проблеми. Коалицијата СЕГА е национална организација со колективно членство. Членството во Коалицијата (во моментот) се состои од 10 полноправни и 11 придружни организации членки кои работат во областа на заштита и подобрување на животната средина, развој на претприемништво и туризам, промовирање на здрав живот кај младите, регионален развој, меѓународен младинска соработка и сл. Извршната структура на СЕГА е организирана од Централната канцеларија во Прилеп, и четири регионални канцеларии во: Штип, Охрид, Тетово и Скопје.